Клубот Extreme BT со поддршка од Општина Битола се погрижи за целосна организација на настанот, во кој ќе уживаат сите љубители на екстремните спортови и екстремниот велосипедизам. Pelister Downhill Cup #8 ќе се оддржи на 19/09 (официјален тренинг) и 20/09 (Финална трка).
Настанот ќе биде спроведен според правилата нa Union Cycliste Internationale UCI, и по правилата на Македонската Велосипедска Федерација според сите COVID протоколи за заштита.
Натпреварувачите ќе бидат поделени во 4 категории : elite; junior; masters и hobby.
Организаторот во соработка со спонзорите и партнерите на трката обезбедува дополнителни награди за најдобрите пет времиња од сите категории:
Наградата за првото најдобро време изнесува 400 евра
Наградата за второто најдобро време изнесува 200 евра
Наградата за третото најдобро време изнесува 100 евра
Награда за четвртото најдобро време изнесува 70 евра
Награда за петтото најдобро време изнесува 50 евра
Патеката “Kopanki Downhill Track” е со должина од 2.100 метри и висинска разлика од 425 метри што претставува пример за вистинска downhill патека со високи стандарди.
Се гледаме на Пелистер!”
За аплицирање тука
http://bit.ly/pelisterdownhillcup-application