“ИМА ПРАВИЛА ИМА ЗАКОНИ,
БЕЗ НИКАКВА ФУНКЦИЈА”– е дел од песната НОВО ВРЕМЕ во која во Реге стил е опишана ситуација во државата, во моментот и во изминатите 20-30 години…

“ДАЛИ СИТЕ ЌЕ СИ ЗАМИНАТ И ДАЛИ НЕКОЈ ЌЕ ОСТАНИ, ДА МИ БИДИ ДРУГАР ДО КРАЈ?”

Песна за сите нас. Многумина од нас имаме родители, роднини, деца на другари, пријатели, познаници кои се некаде заминати, некои за секогаш, заради економско-политичката состојба во земјата.
За жал, многумина остануваат сами. Дали сите ќе си заминат?Една мелодична спора тема отсвирена и отпеана само со акустична гитара и глас.

Глас е колаборативен музички проект од Бранко Шпољариќ Паљач и Ѓокица Зафировски.

Бранко и Ѓокица се ветерани на македонската музичка сцена, познати како фронтмени на рок групите Чоканче и Suns, респективно. Покрај албумите објавени со нивните групи во минатото, во поновата историја имаат остварено соло албуми и учествувано во разни колаборативни проекти.

Соработката на проектот Глас е започната на пријателска основа во текот на 2019 година, и оваа година резултира во две нови студиски песни – „Ново време“ и „Глас“

Bandcamp:

https://glas-muzika.bandcamp.com

YouTube:

Facebook:

https://www.facebook.com/GlasMuzik