Драги наши пријатели, со овој пост сакаме да Ви соопштиме неколку важни информации.
Најпрво ви благодариме за вашиот интерес и поддршка. Од самиот почеток на 3Д Кино Битола, публиката е најголемата мотивација за нашата работа!

Деновиве се соочуваме со технички проблем заради кој во моментот не можеме да имаме кино проекции. Ние веднаш пристапивме кон решавање на техничкиот проблем и вложуваме максимален труд, меѓутоа до почетокот на ИФФК „Браќа Манаки“ нема да имаме проекции.

➡️ За сите кои го пропуштија филмот „Брзи и бесни: Хобс и Шо“ ќе поставиме дополнителни проекции, а на репертоар ќе биде и филмот „Си било еднаш во Холивуд“.

➡️Имаме и порака до најмилата публика, која навистина е загрижена: Драги деца, ви благодариме што несебично ни понудивте да ни помогнете во поправката ☺️ Да, ќе го поправиме „киното“ и ќе можите повторно да го гледате „Кралот лав“ и сите други детски филмови.

Се гледаме на кино… Наскоро!