Место кое многу ветува, заборавен бисер во пазувите на Баба Планина. Битолчани веќе започнуваат со нови градби бидејќи тука го пронајдоја мирот и чистиот возсух на само 10 км.

Недостига само убава инфраструктура, за другото изгледа како шо оди времето и сами ќе се погрижиме и Широк Сокак на зима тука ќе го преместиме.

Тука е и чајџилницата на Стрежево , единственото место каде се чувствуваме како дома, со насмејани и вредни домаќини кои не знаат за одмор. Вистинска убавина и рај за очите во сите годишни времиња.

Уживајте во панорамата од воздух направена од битолчанецот Ѓорги Џоле Трајчевски.