Битолскиот рапер Адриан ЛК кој се занимава подолг период со Рап музика сними ново видео за песната “Панамера”.
Песната е инспирирана од секојдневниот живот и случувања во градот Битола, снимена во студиото на Амазинг Рекордс.
Текстот е на Адриан ЛК а како продуцент и аранжман се погрижи битолскиот рапер Лудиот МЦ. Зад камерите и монтажата застана Дејан Трајчевски Енкоре Медиа Продакшн. Песната носи добра порака со нов и модерен звук сосема различен стил на музика.