ОУ „Св.Климент Охридски“ од Битола во периодот од 01.09.2018-30.08.2020.год. е дел од Ерасмус+ проектот „Учење за надминување на елементи на насилство“, во оригинал “Learning to Overcoming Violence Elements”- L.O.V.E.
Во реализација на иститот, покрај нашето училиште учествуваат уште пет земји: Турција како координатор, Грција, Литванија, Полска и Италија. Целта на проектот е да се спречи насилството меѓу учениците и да се создаде среќна училишната средина. Како партнери за реализирање и остварување на поставената цел ќе работиме на тоа поле 24 месеци.
Првата мобилност се реализира во периодот од 26-30.11.2018.год. во Хендек,Турција. На мобилноста присуствуваа координаторот на проектот Снежана Стојанова, директорката на училиштето Гордана Анастасова и наставничката по англиски јазик Љупка Петкова.
Методот на работа за надминување на врсничкото насилство кој ни беше презентиран ќе се применува и во нашето училиште, затоа што со примена на истиот се постигнале видливи резултати. Стекнатото искуство од посетата ќе биде пренесено како на колегите во училиштето, така и на пошироката јавност во периодот што доаѓа.
Координатор Снежана Стојанова