Снегот кој во текот на вчерашниот ден падна во изобилство од околу 30 сантиметри ги измами децата од населбите Ушици, Триаголник, Бела Чешма, и Гинимаале да ги остават смартфоните и компјутерите и да уживаат во детството кое скришно и брзо му поминува.

Сончевото и прекрасно време е само уште една дополнителна причина за уживање и витаминизирање со Д-3 витамин.

Повелете и вие доколку сте слободни…