На Instagram профилот на @katerina.shambevska, ни привлече внимание нејзиното мало сезонско истражување на темата зелени оревчиња. Катерина го споделува овој текст и рецепт и вели: „Даровите од природата и нивното користење за помагање на здравјето од секогаш ми беа предизвик и инспирација за истражување, па со задоволство ги споделувам моите сезонски рецепти со вас.

🍀 Ореовка со мед – ликер од млади оревчиња

Ова ми е една од омилените слики бидејќи ме потсетува на првиот пат кога подготував ореовка со вкус на кралски ликер. 😊 Превкусно и традиционално подготвувано во мојот дом! Популарниот ликер од зелени ореви го правам со многу љубов, а му се гостиме цела година.😊За поздрава варијанта полна со јод и без шеќер, секогаш правам ореовка со мед!


➡Ореовката е богата со јод и е добра за здравјето на штитната жлезда. Пијте по 1 чашка за ракија наутро на гладно, а потоа почекајте барем 30 минути до првиот оброк. Важно, ова не е замена за лек!
➡Втората половина на мај е супер за берење на мали зелени оревчиња, чија големина во тој период е слична на лешник или маслинка.
🛒 Состојки за 1 доза:
🔹40 зелени (млади) оревчиња
🔹300 мл мед (1/3 од тегла)
🔹1 литар лозова ракија.
Дополнително:
🔹ракавици
🔹големо пластично шише/голема стаклена тегла за складирање.
🗒Подготовка:
1️⃣Најпрво ставете раквици. Ако не ги заштитите, рацете ќе ви се обојат во кафеаво зеленкаста нијанса.
2️⃣Оревите измијте ги со вода, па пресечете ги на половинки и сместете ги во шишето или теглата, зависно што имате на располагање.
3️⃣Додајте го медот.
4️⃣На крај, додајте ја и ракијата и измешајте со пластична лажица или пак затворете го шишето и протресете го, за медот убаво да се стопи и распредели.
5️⃣Вака припремената ореовка со мед треба да стои на сонце најмалку 40 дена, а содржината треба да ја промешувате секојдневно. Пред послужување благо промешајте го шишето во кое сте ја складирале.

Совет плус:
✅ Доколку оревчињата се поголеми, можете да направите отстапка во бројот, па наместо 40 да ставите неколку помалку. На пример, ако ставите 90-95 поголеми оревчиња и употребите една тегла мед, можете да додадете уште 3,5 до 4 литри лозова ракија. И во двата случаи ќе добиете добар резултат.
Мерак кој вреди, за уживање и за здравје! 😊 Ако го пробате рецептот тагнете ме или испратете ми порака.

👇 Чест ми е кога ве инспирирам, па за многу повеќе испробани рецепти и убави фотографии следете ме на:
Instagram: @katerina.shambevska
Facebook: Katerina Sambevska Spasenovska.
🍀 Зелени оревчиња во мед – еликсир корисен за здравјето

Зошто се одлучив да ја пробам оваа комбинација?
„Традиционално, оревите се познати по нивниот липиден профил, односно богатството со омега 3 масни киселини, кои се одлични против кардиоваскуларни ризици. Освен тоа, оревите содржат повеќе биоактивни компоненти, како витамин Е и полифеноли, на кои се должи нивната антиоксидантна активност. Имено, се смета дека со зреењето на оревите, количината на овие материи во нивниот состав се намалува во извесна мера, а кога се млади и зелени, тоа е една од главните одлики кои мотивираат да ги наберете и да подготвите нешто вкусно и корисно за здравјето. Имајте предвид дека сезоната е кратка и најубаво е да ги наберете во текот на мај или раниот почеток на јуни. Полифенолите во зелените оревчиња може да помогнат во намалување на воспаленијата во организмот, кои се одговорни за хроничните заболувања. Плус од деликатниот вкус, младите и зелени оревчиња содржат изобилство од танини, антибактериски и антибиотски супстанции, како и висока количина на витамин Ц.“ – објаснува Катерина.

🛒Состојки:
🔹10 зелени оревчиња
🔹250 мл мед.
Дополнително:
🔹стаклена тегла
🔹нож
🔹заштитни ракавици.
🗒 Постапка:
1️⃣Зелените оревчиња убаво измијте ги, а потоа ставете ги во стаклената тегла.
2️⃣Убаво затворете ја теглата и поставете ја на светло место, но не изложено на директна сончева светлина. Вака спакованиот микс од ореви и мед оставете го да стои 2 месеци на местото кое сте го избрале – под сенка.
3️⃣Еднаш неделно, отворете го капакот и промешајте. Тоа е со цел да влезе воздух кој ја поддржува ферментацијата.
🗒 Начин на чување и употреба – имате 2 опции:
➡Да ја процедите смесата и да ја користите течноста како сируп – по 1 лажица дневно, или
➡Да ја оставите смесата како што е целосно и да ја консумирате заедно со се оревчињата – 1 оревче на ден или 1 лажица од сирупот дневно.
Совети плус:

Имајте предвид дека зелените оревчиња оставаат темни дамки и ќе ги избојат сите површини со кои ќе дојдат во контакт, на пример даската за сечење или ракавиците. Заштитете ја опремата и рацете доколку не сакате да ви се набојат.
Секогаш користете природен мед во течна форма.

Препорака плус од авторот:

Чест ми е кога ве инспирирам, па ако пробате пратете ми ваши слики или тагнете ме. 😊 Ако ве интересираат повеќе вакви рецепти, заследете ме на: