Tурското кафе или türk kahvesi може да се подготви на различни начини. Некои чекаат водата да зоврие за да го додадат кафето, а други ги ставаат и кафето и водата заедно, па чекаат пијалакот да се подготви.
Оригиналното турско кафе се подготвува од деликатно сомелени зрна кафе, а најважниот дел од целиот процес е варењето. Оригиналниот турски рецепт бара да се употреби квалитетно, средно печено турско кафе арабика, кое пожелно е да се сомеле дома пред варењето. Доколку го мелете дома, бидете сигурни дека на крајот ќе добиете прав, во спротивно текстурата на напитокот нема да биде како што треба. Потоа се зема бакарно ѓезве и се полни со вода, по претходно земена мерка од шолјата во која ќе се пие кафето. Потоа се додаваат две лажички кафе и шеќер доколку се подготвува благо кафе и добро се промешува. Ѓезвето се става на рингла на средна температура и притоа кафето повеќе не се меша со лажичка. Кога ќе почне да врие, пената ќе почне да избива на површината. Ова е моментот кога треба да се тргне ѓезвето од ринглата и да се почека да спласне пената. Потоа повторно се враќа на ринглата и се остава истото да се случи уште еднаш. Во шолјата се турва малку од кафето и потоа ѓезвето повторно се враќа на ринглата. Ова се повторува трипати додека не се истури целото кафе во шолјата.

Турското кафе се служи жешко, во мала шолја за кафе со чаша ладна вода. Прво се пие една голтка вода, па голтка кафе. Водата овозможува да се неутрализира вкусот во устата, за секој пат кога ќе се напиете од кафето да го почувствувате неговиот вистински вкус.

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here