Од Архивите: Битолчани на Андите

од March 1, 2018 0 коментари

Високите Анди секогаш го привлекувале љубопитството на планинарите. Вљубениците во овој спорт освојување на некои од врвовите на Андите го сметале за несекојдневен подвиг, па затоа е разбирливо и интересирањето за најновата експедиција на овој јужноамерикански масив.

Меѓу петнаесетте планинари од Македонија, ќе се наоѓаат и тројца битолчани. Тоа се: Димитар Илиевски, Благојче Лазаревски и Ѓорѓи Костовски.

Организатор на овој потфат е Планинарскиот сојуз на Македонија, а „карванот“ ќе тргне на 6 јуни. Целата експедиција е предвидена да трае 40 дена.

Интересно е да се напомене дека „Битолатекс“ ќе учествува во помошта на планинарите со тоа што за сите ќе обезбеди облека и тоа панталони, блузи, џемпери поткошули и слично.

Битолски весник 1980-ти

Babam Bitola

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *