Дејан Димитровски е битолскиот доктор кој заедно со тим лекари учествуваше на втората трансплантација на срце во Македонија. Средно заврши во СМУ д-р Јован Калаузи Битола како првенец на генерацијата Дипломира на Медицинскиот факултет со просек 9,58 и најискрено се надева дека ќе биде потик за сите млади кои се заинтересирани или ќе започнат по овој пат зошто како што и самиот вели трудот, маката, еден ден ќе се исплатат.
Како вработен во Клиничка Болница Битола на Одделот за хирургија после четири и пол години работа заминува на специјализација по општа хирургија каде по шест месеци му се укажа шанса за да го оствари неговиот сон за кардиохирургија.
Преку програм на Министерството за здравство бев упатен на едукација по кардиохирургија во Св. Џорџ, Сиднеј во траење од еден месец . Набрзо доаѓа проектот на Министерството за здравство за едукација на лекари во странство и така започнав специјализација по кардиохирургија во Клиниката Нирнберг која требаше да трае до 2019 год. Проектот после 18 месеци пропадна и како стипендист на државата, Министерство за здравство, бев вратен во Македонија каде продолжив како специјалист по кардиохирургија и завршив.
Операцијата за трансплантација на срце започна некаде пред 12 ч. а заврши во 6.30 ч., за што Дејан продолжува :
Во тимот учествував како еден од кардиохирурзите во операциона сала на тимот за трансплантација (за експлантација, кој го зема срцето од донорот, учествуваа тројца колеги од мојата клиника). За првата трансплантација учествував во тимот ( кој врши подготовка на пациентот реципиент) учествуваа три клиники, едноставно премногу лекари беа вклучени. Трансплантација на срце е процес кој опфака припрема, извршување на чинот и најтешкото да се менаџира постоперативниот ток на пациентот… Тоа бара многу труд и вклучува многу персонал. На денот на оваа трансплантација бев дежурен лекар на нашата Клиника. Цел ден помина во неизвесност и чекање на анализите донор пациент коресподенција . Денес состојбата на пациентот е стабилна во моментов. Без семејството на донорот едноставно ништо од ова немаше да се случи. Тука е улогата на медиумите за подигање на свеста за донорство.
Неговата скромност и великодушност Дејан ја покажува со големата почит кон фамилијата на донорот и неговиот тим
Пред сѐ би заблагодарил на семејството на донорот, кои во мигови на најдлабока тага и трагедија покажаа одважност, храброст и алтруизам со одлуката да донираат органи.
Тимот го чини широк конзилијум од лекари кардиохирурзи, кардиолози, анестезиолози, интензивисти и лекари од други специјалности, среден медицински и друг персонал, сите координирани од национално координативно тело за трансплантација. Припремата на пациент за трансплантација е комплексен процес во кој секој од нас има точно дефинирана обврска. Да се биде дел од ваков тим е пред се чест и привилегија но и обврска. Акцентот е во тимска работа и координација на истата.