Обичајот за градски или селски Велигден започнувал во црквата св.Недела (видео)

од April 19, 2017 0 коментари

Обичајот има длабоки корени уште од 16 век кога во градот почнало да се населува население од околните села. Градејќи ги куќите оставале широк простор кој им служел за собири. Така, Генимаале била единствената населба во Битола со сретсело. Населението што се доселувало со себе ги носело и своите обичаи. Така, секоја фамилија имала своја слава, но заедничка за сите бил таканаречениот градски, односно селски Велигден.

Гостите од селата го викале градски Велигден оти оделе во градот на гости, а граѓаните го викале селски оти доаѓале на гости од селата…

Собир кај св.Недела за Велигден, Битола, Манастир

Обичајот почнувал во четврток по Велигден кога гости од селата доаѓале во црквата „Света Недела“ во Битола и присуствувале на вечерна служба. Потоа во дворот на црквата се одржувал голем народен собор на кој се играло и се пеело до зори. Во петок наутро на Балаклија веселбата продолжувала, а гостите продолжувале кон Битола. Оделе на сретсело каде што продолжувале ората и песните, а за ручек оделе во ганимаалските куќи.
Извор Жанета Здравковска “Дневник”


Видео на Милтон Манаки, Кинотека на Македонија

Babam Bitola

Следна објава
Боза

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *