Дозволете им на вашите деца да имаат зимски распуст за паметење. Започнете со планирање на зимската авантура, но дозволете ние да бидеме дел од неа! Знаеме дека камповите за деца се интересен и забавен дел од нивните животи. Секако тоа се моментите кои најмногу се паметат и прераскажуваат, а со тек на времето стануваат најубави сеќавања. Ние својата мисија ја гледаме во креирањето на добро смислени кампови, забавни патувања, едукација, социјализација и тоа во период кога младите немаат обврски на училиште.

Овој зимски распуст ⋮ИВЕЦ заедно со Вондер Спорт Камп организраат детски зимски камп во Банско кој на вашите деца ќе им понуди шестдневна зимска авантура со богата забавно едукативна програма. Програмата е наменета за скијачи и за почетници кои сакаат да научат да скијаат, да се забавуваат и да го доживеат овој спорт на еден поинаков начин. Преку социјализација, дружење и секако стекнување на технолошка писменост на интересен и забавен начин децата ќе имаат незаборавно зимско патување.

Денот на децата ќе им биде исполнет со организирани активности, како што се настани за да се поттикне социјализацијата и запознавањето на учесниците, часови за скијање, слободни активности, интелектуално-интерактивни активности и игри. Во кампот како опционална активност е вашите деца да следат и часови по програмирање кои се комбинација на теоретски и практични часови по Scratch и програмскиот јазик Python. Ќе се одржуваат секој работен ден по 2 часа од висококвалификувани, искусни експерти од ⋮ИВЕЦ во оваа област.

Кампот во Банско е наменет и за родители кои сакаат да уживаат во скијањето додека времето на нивните деца во текот на целиот ден им биде исполнето со многу забава, дружба, скијање и програмирање. Дозволете вашите деца со нас да научат како креативно и иновативно да ја користат компјутерската технологија и информациите во современата дигитална ера.

Покрај целата забава и игри, зимскиот камп нуди и многу други придобивки за децата. Тие ќе имаат можност да стекнат нови пријатели од цела држава, да научат важни животни вештини како тимска работа и решавање проблеми, да стекнат самодоверба и независност додека истражуваат нови активности и искуства, како и да навлезат во светот на информатичката технологија и да научат да програмираат.

Кампот e наменет за деца и млади на возраст од 7 до 15 додини и ќе биде организиран и реализиран во Банско, Бугарија во периодот од 13.01.2024 до 18.01.2024 година. Учесниците ќе бидат сместени во хотел Mountain paradise by the Walnut Trees 4*.

Уверени сме дека на сите учесници на зимскиот камп ќе им остане во извонредно сеќавање и секако повторно ќе посакаат да бидат учесници на некој од идните кампови.
За оние кои не биле на камп, само да споменеме дека Вондер Спорт Камп и ⋮ИВЕЦ имаат реализирано повеќе програми со учество на многу учесници од Македонија.

За да аплицирате кликнете на линкот https://iwec.mk/camps/wonder-kids-winter-camp// или посетете ја нашата веб страна: https://iwec.mk/, а за сите дополнителни информации следете на социјалните мрежи и секогаш може да не контактирате на телефонскиот број 072-309282.

Побрзајте, местата се ограничени …….

⋮ИВЕЦ и Вондер Спорт Камп Ве очекувaат!