Новогодишната магија пристигна кај децата од заводот “Кочо Рацин” Битола

од December 25, 2018 0 коментари

Почитувани членови,
акцијата Новогодишна магија за децата во заводот “Кочо Рацин” во Битола организирана од фејсбук групата “Размена на книги и книжевни муабети” заврши.

Донацијата денеска беше предадена во Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух и говор “Кочо Рацин” во Битола.

Донирани се боенки, сликовници и школски прибор за 30 деца…

Денес подаривме неизмерна радост. Денес беше посебен ден и за нас и за нашите мали домаќинчиња.

На сите кои донираа од срце им благодариме, како на нашите членови така и на Букбокс, Пепер, вработените во Карго Експрес како и на издавачките куќи “Медија планет” и “Култура”.

Исполнети до максимум едвај ја чекаме следната организирана донација. Ве поздравуваме!

Babam Bitola

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *