После целосно уредување и чистење на параклисот Благовештение и црквата Св.Јован кај Германски гробишта домаќините го имаат истиот проблем од личност која несовесно и намерно ги пушта козите во дворот на црквата, ги крши катанците и ја уништува мрежата.
По кажување на еден од донаторите и учесниците во помошта и уредувањете на ова црквиче, Јове Јоцо Ѓоргиевски истата таа личност упатува и закани кон домарот дедо Блажо дека не било ништо негово за да затвора, со апел дека животинчињата (козите) не се воопшто криви, тие се само животни, додека стопанот е нечовек.
Ова е и наша мала поддршка за активностите во обновувањето и расчистувањето на ова црквиче со апел до надлежните од Општина Битола да ја спроведуваат законската мерка со која се определени 500 метри доколку некој сака да чува домашни животни и тоа надвор од населено место.