Некогашните првотимци на ФК Пелистер Томе Пачовски и Благојче Рутевски заедно со нивните најмлади поколенија се дел од македонските навивачи кои ќе присуствуваат на натпреварот против Холандија и ќе ја бодрат нашата репрезентација на Македонија. Километрите бргу врват кога се работи за некои од најсветите работи на светот, љубовта кон фудбалот и земјата од каде потекнуваме.