Објектот на битолската поранешна „Народна банка“ која ги сочувала најбројниот дел позитивни одлики од битолското профано градежништво проектиран е во 1930, а изведен во 1932 год. Ако се има предвид дека ги задржал и најпозитивните одлики на тоа градежништво, дека негов автор е и еден од најпознатите архитекти на своето време, Богдан Несторовиќ, кој ги проектирал и скопската „Народна банка“, денешното „Народно собрание“ и други објекти од посебно значење, тогаш е јасно зошто битолскиот објект остана да важи за еден од најубавите на просторите од поранешна Југославија. За градежен изведувач бил ангажиран, исто така, докажан
стручњак, битолчанецот Григорие Ташковиќ.

Дипломирал на Архитектонскиот отсек на Техничкиот факултет во Белград во 1923 година. По дипломирањето бил на усовршување две години во Ecole das Beaux Arts во Париз (1923-25). Се вработил во архитектонското биро „Архитект“ каде што останал на работа до 1930 година.

Од 1930 година до пензионирањето бил наставник на Архитектонскиот факултет во Белград каде што го предавал предметот Проектирање на станбени згради и науката за стиловите. Оставил обемни научно-истражувачки трудови, посебно во областа на историјата на архитектурата и домувањето. Се јавува и како автор на поголем број станбени и општествени објекти. (извор Градители.мк)

Во архитектонското обликување Несторовиќ посебно ги ценел културно историските споменици од непосредната околина на градот, игнорирајќи да врши и копија, а кои биле во неокласичен дух, па својата инспирација ја гледал и во актуелната уметничка сецесија на своето време, прифаќајќи го стилот на академизмот.

Фото извор Градители.мк

Резултат на таквата определба го гледаме и денес и покрај тоа што состојбата на објектот не коренсподира со неговата предвидена намена.
Објектов требало да биде изграден со визбени простории, приземје, кат и поткровје при што приземјето требало да биде исклучиво за банкарска дејност.


Текст извадок од новата книга Градби на проф. Александар Стерјовски