Книгата на славната професорка од САД со литваниско потекло Марија Гимбутас

насловена како ,,CIVILIZATION OF THE GODDESS” (издадена во Сан Франциско 1991 год.) е монументално дело резултат на нејзините повеќегодишни истражувања на културата на стара Европа во која ги опишува близу 3.000 проучени артефакти од неолитот.

За насловната страна од својата книга го одбрала артефактот пронајден во токму македонската куќа од Велушка Тумба, во близина на Породин, битолско, кој е стар преку 8.000 год.


Според нејзините истражувања во тоа време цела Европа живеела во земуници, а Македонците имале надземни куќи со врати, прозорци, оџаци, камини, огништа и покуќнина.

Западната наука како најстара куќа ја третира онаа од Чатал Хујук во Турција, со иста старост како онаа во Породин, но таа е половина била закопана во земја, со влез од кровот.

Артефактот е чувар на домашното огниште, куќата и семејството. Многу често се преставува со истакнати женски атрибути, вистинска праисториска дама.

Ние се до денес го имаме сочувано овој култ кон жената преку изреката Мајка Богородица. Таа во себе го содржи и космополитскиот симбол, а тоа е врската меѓу мајката земја и небото.

Според дел од публикацијата: „КАДЕ E НАШЕТО МИНАТО – ВОВЕД KOH ПРАИСТОРИЈАТА HA ПЕЛАГОНИЈА“, издавач: з.г. “ВИСОИ” – Битола, НУ ЗАВОД И МУЗЕЈ – Битола, текст на Марија Василева, на оџакот на македонската куќа најверојатно била претставена богинката – заштитиничката на домот, како што е преставено на самата слика.

Куќите биле прилагодени за една фамилија и обично имале по 2 простории, централна, каде престојувала и ноќевала фамилијата и помала, на бочната северната страна, каде воглавно се чувала храната, често сместена во големи глинени грнци.