Доколку скијате или бордате на Копанки сигурно ги имате забележано двата мали јунаци кои со нивните сноубордови горе долу буквално ја “ораат” целата стаза, од најгоре па се до најдолу. Комплетни како профи бордери со бордови, зимски одела, везови, наочари и кациги. Тоа се двата први братучеди Евгениј Ристевски и Андреј Мушуланов. Евгениј има 8 години а Андреј има 7.

Андреј и Евгениј, заедно со нивниот тренер Марко

Двата најпрво научија да скијат и започнаја на 2 години. Беа најмалите скијачи на Пелистер и каде и да одевме на бордање бевме жива атракција”- раскажува таткото на Андреј Коче Мушуланов.

BITOLA TOUR GUIDE / ПРЕВЗЕМЕТЕ ТУКА _____________________________________________________________________________________

“Евгениј почна да борда на четири години, Андреј само на три. Многу брзо научија да бордат”- продолжува Јове Ристевски, таткото на Евгениј. “За двата ја имавме купено најмалата даска која се произведува. Сите беа зачудени како со голема леснотија успеваат да бордат. Тоа за нив е многу природно. Сѐ што направивме е само тоа што ги качивме на бордот и тие возеја. Сите почетоци се на Копанки. Бордат цела зима. Ако нема снег на долната стаза, цело време се скијаа на горната стаза.

И бидејќи не можеа да се возат сами на ски лифтот обавезно некој ги носи учка. Александар Бавчанџиовски, Марко Дарков, Коче, Јове. И што е многу интересно нема престан. Не застануваат ниту да се одморат. Од девет сабајле се до три поручек. Максимумот кој можат да го постигнат. За зимскиот распуст додека не беа на училиште секој ден беа горе на Копанки. Евгениј е сега трето одделение а Андреј второ. Разлика се година и пол.
Започнувањето на второто полугодие од учебната година малку не подзапре во бордањето, но штом се од сабајле на училиште после не пропуштаат прилика и одма возиме на Копанки.”- со насмевка раскажува Јове…

Инаку бордањето е скап спорт. Но тоа не значи дека ако се сака дека секој не може да си го приушти. Сѐ што треба е слободно време, зошто на Пелистер го имаме најефтиното скијање на Балканот. Штета што нема повеќе услови, инаку од Пелистер ќе излегуваат многу познати имиња во овај спорт. Опремата кошта, но времето поминато на планина не се плаќа со ништо. Посебно на Пелистер каде се скија буквално за без пари. Посериозни натпревари во Македонија за нивна возраст не се организираат. Затоа и се немаат такмичено до сега. Единствено се такмичеја, поточно учествуваа на Пелистерскиот Велеслалом во 2015, Евгениј тогаш имаше 6 години и победи, а Андреј беше најмалиот учесник и доби специјален медал за учество затоа што ги заврши и двете возења. Такмичењето беше со вкупно 6 такмичари. Но тоа за нив беше среќа најголема. Искрено се надеваме дека оваа година ќе ги однесеме некаде да такмичат.

Нашите деца бордат со нас, татковците, и постојано се опкружени со екстемни скијачи и бордери, членови на битолскиот клуб SSNL ( Ski & Snowboard No Limits). Инаку пожелно е како и во секој спорт да имате инструктор, некој кој константно ќе ве корегира и учи каде грешите и што да поправите… А тоа е Марко.

“Со мене многу напорно и заеднички работиме секоја сезона и ги учам нови трикови. Одиме заедно по глечери во Австрија на сопствен трошок. Ги спремам и со суви тренинзи на трамболина и слично. Едвај чекаат да ја достигнат потребната возраст за да почнат со такмичење”- раскажува нивниот личен сноуборд тренер Марко Дарков.

После секое бордање двајцата јунаци се полни со адреналин. Деца кои никогаш не се заморуваат. Одвај се чека наредниот ден. Да може само ќе се борда и ништо друго нема да се прави. Копанки, Нижо Поле, Вигла, Шапка, Осогово Бугарија. Осогово било посебно доживување зошто таму се наоѓа најголемиот сноубоард парк на Балканот. Не сакаа да си заминат од таму зошто буквално и не престанаа да го возат цел парк каде беа голема атракција. Бугарите со воодушевување ги прифатија и цело време ги поздравуваа и бодреа. Со леснотија ги поминуваа сите елементи во паркот.

Но љубовта кон Пелистер и Баба планина е поголема од сѐ, па затоа најомилена од сите патеки им е Антена-Пелистер. Таму е најубаво и ратракот не смее да замине без нив. Антена е најекстремниот терен на кој се имаат спуштано.
Инаку Евгениј Ристевски е ученик во ОУ Климент Охридски и е трето одделение, додека Андреј Мушуланов учи во ОУ Елпида Караманди и е второ одделение. Сега засега и двата се многу добри ученици. Во секој случај и двата се зависници и обожаватели на овај спорт за што веруваме дека повеќе ќе биде изразено во иднина.

Голема благодарност до цела фамилија Мушуланови и Ристевски, како и до нивниот тренер Марко Дарков и клубот SSNL од Битола

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here