Битола, мај

Многумина битолчани сметаат дека најголем гурман во градот е младичот Димче Пувка, кој меѓутоа по својот лик ни од далеку не личи на гурман. Тој е прилично слаб, но со извонреден апетит.

Разговарав со него за гурманлакот и притоа тој изнесе повеќе случки на разни обложувања во врска со неговиот апетит. „Пред десетина години, вели тој ,заминав за Титов Велес за да присуствувам на еден спорт ски натпревар. Стана збор за мојот апетит, еден не веруваше дека можам многу да јадам. Се обложивме на три тави кисело млеко и еден леб. Без голем напор сето тоа го изедов, а обложникот зина од чудо”.

Кратко време потоа Димче Пувка направи сличен подвиг во Прилеп, Таму се натпреварувал со најголемиот прилепски гурман некојси Илјо Касапче. Победник бил Димче. Многумина го гледале овој натпревар.

Пред некоја година, продолжи Димче, во Загреб го сретнав битолскиот студент Нико Дога. „Да те частам некој колач” ми рече. Со еден не ме нарануваш, му одговорив. Од збор на збор се обложивме. Изедев 72 колачи и тој го изгуби облогот.

Димче Пувка имал еднаш прилично неудобности заради својот голем апетит. Патувал за Скопје и со себе носел неколку пакети за битолчани што служеле војска во Скопје. Меѓутоа, локомитивата се расипа и патниците требало да чекаат на отворената пруга. Димче бил веќе гладен и отворајќи еден по еден, ја изел храната од сите пакети…

Д.Д.