По иницијатива на Емил Главинче заедно со Емил Куната Куновски, Мичо Здравковски, Благој Мискаровски, Жарко, Ширко, Менде Мечето, Куљата, Јован Јохано, Френко, Петар Ставрев и многу други, далечната 1976 година битолските навивачи на Партизан, популарно наречени “Гробари” одлучија да го направат најдолгото навивачко знаме кое изнесуваше точно 171,4 метри.Црно белиот материјал со таа должина по багателна цена го добија од Хрони, директорот на Свилара Битола, од каде на шиење заминаа во Трикотажата на Пелистер во с. Цапари.Таму се сретнаа со директорот Николче Боксерот, кој беше страствен љубител на Црвена Звезда и кој изразе големо негодување, но благодарение на големото другарство и меѓусебно почитување, продолжи составувањето на најдолгото навивачко знаме од битолската навивачка група на Партизан.БИТОЛЧАНИ ВЕРНИ НАВИВАЧИ НА ПАРТИЗАНЗнамето беше однесено на голема ширина во близина на с. Кравари каде имаше можност за целото да биде распостелено и да можат неговите иницијатори и љубители да напишат на белата основа “БИТОЛА ВЕРНИ НАВИВАЧИ НА ПАРТИЗАН БИТОЛА” .Но тоа не беше така лесно. Потребен беше голем труд, повеќе луѓе и беа повикувани “партизановци” од битолското Корзо за да направат мала чест и да напишат барем дел од буквите.Знамето со воз беше транспортирано во Белград каде беше истакнато на дербито помеѓу Партизан и Црвена Звезда, кое помина со големо воодешување кај тогашните партизанови фудбалери и навивачи. Беше распостелено долж по целата источна и јужна трибина.
Партизан победи со 2:0. Следуваше голема еуфорија и знамето повторно со воз беше вратено назад во Битола.По пристигнувањето во Битола имаше голема забава низ битолските улици каде имаше големо славење со музика и тапани. Во делот од забавата беше и најпознатата парола и скандирање “Тито партија црно бела армија”.Знамето од битолските “гробари” повеќе пати беше транспортирано на неколку утакмици до Белград и назад, каде за последно беше и оставено како поклон и спомен од битолските навивачи во Музејот на истоимениот клуб. Битолските фотографии беа објавени во тогашниот најтиражен спортски неделник “ТЕМПО” !Спомените се безвредни ако не се раскажуваат. Голема благодарност до Емил Главинче и Петар Ставрев за нивните сеќавања кои слободно можете и вие да ги дополните. Поздрав и до Гината за мајсторските фотографии.