Младиот Мартин Стефановски од Битола својата љубов кон музиката ја покажа уште од рана возраст, а неговиот талент дојде до израз со учеството на меѓународниот фестивал „Тра-ла-ла“, каде што го освои третото место. Учесник е и на мегапопуларното шоу „Некои нови деца“ (Неки нови клинци) од “Ѕвездите на Гранд продукција” кое се одржува во Белград, Р. Србија.

Со поддршка од продукцијата „Мјау-дакшн“ (MeowDuction Production), Мартин сега ја сними и својата прва преработка на хитот „Ако те питају“ од хрватската ѕвезда Петар Грашо. Стефановски одлично ја долови емоцијата на оваа балада додека на пијано го придружува Бојан Димитровски, па се надеваме дека ова е само почеток за талентираниот битолчанец кој уште еднаш го потврдува фактот дека градот на конзулите е еден од најмузикалните градови во земјава и пошироко.

Да го поздравиме Мартин!