На крајот од оваа 2019 година време е да ги сублимираме нашите достигнувања во делот за читателската публика. На нашата www.babambitola.mk вкупно за оваа 2019 година имаме над 2,4 милион посети што е зголемување за 700.000 посети повеќе од 2018 г.

Од сите 1,9 милион се од Македонија, 92.000 се Австралија, па САД со 72. 000, Германија 64.000, Шведска и Канада каде имаме најповеќе битолчани кои се далеку од родниот град, но сепак одвојуваат малку време да бидат на кратко со него.

Како ТОП 10 најчитани Бабам Битола наслови во изминатата 2019 година се:

1.https://www.babambitola.mk/deset-prichini-zoshto-papata-ne-idi-vo-bitola/

2.https://www.babambitola.mk/stranski-turist-opishuva-zoshto-bitolchanki-se-najubavi-na-svetot/

3.https://www.babambitola.mk/nashata-bitolska-legenda-paljoto-zaplovi-vo-brachnite-vodi/

4.https://www.babambitola.mk/bitolchankata-tamara-e-novata-stujardesa-na-saudi-airlines/

5.https://www.babambitola.mk/golem-pozar-ja-zafati-starata-bitolska-charsija/

6.https://www.babambitola.mk/pronajdeni-se-dosega-dvajcata-najpijani-bitolchani/

7.https://www.babambitola.mk/slednata-evrovizija-vo-bitola-2020/

8.https://www.babambitola.mk/видео-вистински-херој-битолски-полиц/

9.https://www.babambitola.mk/naj-mafijashkata-pesna-vo-bitola/

10.https://www.babambitola.mk/кој-ги-памти-излегувањата-во-свинг-ла-с/

Помогнавме за сите хуманитарни настани, базари и потребни донации за кои бевме контактирани и кои ние сами без прашање ги споделивме, за што имаме голема благодарност од нив. Знаевме да критикуваме за состојбата во градот и пак ќе критикуваме со основана и поддржана критика, бидејќи без неа и нема подобрување на состојбите кои за жал ден денес не се за голема пофалба.

Многу од нашите содржини се споделувани и од други реномирани македонски портали насекаде низ етерот на www.

Дел од нашите наслови и фотографии се нивна лична промоција на нашите битолчани во нивните успеси и достигнувања за што ни е посебно драго. Многу и обичните битолчани од нас ја добија нивната шанса за прва промоција, за интервју, за поддршка на нивната нова идеја, хоби или бизнис.

Крајот на нашата 2019 година го одбележавме со нашата мобилна андроид апликација Bitola Tour Guide со која сакаме полесно да ги промовираме битолските знаменитости и убавини, која еднаш месечно ќе биде надоградувана и ќе бидат додавани нови содржини. Истата е со битолски фонт, а во меѓувреме добивме и оригинално битолско сличе од познатиот битолски цртач ТХЕ МИЧО, кое заедно со надоградбата плус ќе Ви го претставиме.

Нашите фејсбук групи Градот на Конзулите, Бабам Битола, Bitola in my heart и Битола стари фотографии се градски двигател на историјата и препознатливоста на нашиот град, неговата мистична убавина, допаднати, споделени и коментирани со над неколку милион импресии. Тоа е тоа што ние знаеме да го направиме, тоа е тоа што ние сакаме да го имаме за Битола и битолчани. Каде и да сте. Имаме уште повеќе, но скромноста е дел од нашата убава страна.

За поддршката дадена од Портал Кафе, Пиво Премиум, Еуродоор автоматски врати, Еурофарм, Ресторан Грне, Хотел и Ресторан Шумски Фенери, Хотел Епинал, ДеЛо Хигиена, Зага Продукција, Кромберг и Шуберт Дооел Битола, Болница Плодност, Просветно Дело, Соби Робевски, Синпекс, Бутици Јохх, Алфа најдобрата авто школа за возачи и многу други од срце и јавно им се заблагодаруваме, додека другите од вас Ве покануваме да бидете дел од нашето битолско семејство во 2020 година.

БИТОЛА БИЛА И ЌЕ БИДИ…

ВЕ ПОЗДРАВУВАМЕ СИТЕ И ВИ ПОСАКУВАМЕ СРЕЌНА НОВА 2020 И УБАВИ ПРАЗНИЦИ КОИ СЛЕДАТ…