Оваа сабота на 23.11.2019 година нашата позната битолска урбана легенда Зоран Лазаревски Паљото стапи во брак со битолчанката Љубица Ламовска. Свадбата сама по себе беше оригинална и несекојдневна, различна од другите, по што доби многу позитивни критики и коментари од нас битолчани кои имаа можност истата низ слики и видеа во живо да ја следат на социјалните мрежи.

За време на свадбата наместо букет познатиот битолски бодибилдер за гостите фрлаше празни протеински кутии, кои денес овај понеделник одлучи на среќните добитници да им ги “наполни” со протеини.

Од нас честитки и да се ќердосаат, им посакуваме само убајни и весели моменти баш како овие да ни приредуваат.

Респект Паљо!

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here