БИДЕТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА СЛЕДНАТА НОЌНА АВАНТУРА
(корисни совети за безбедно, ноќно планинарење)
Планинарењето во текот на ноќта може да биде пострашно и попредизвичувачко, отколку во текот на денот. Во продолжение следуваат неколку совети кои ќе го направат вашето искуство поудобно и забавно.
* Не одбирајте нови патеки, и планини кои не ви се претходно познати *
Ноќта не е време за да избирате и да започнете нова авантура на нови места. Препорачливо е да изберете патека која претхоно ви е добро позната за да останете безбедни и да знаете што ве очекува. Тоа ќе ви овозможи вашата омилена патека да ја одите под светлината од месечината и целосно ново искуство за уживање.
* Не планинарете сами во текот на ноќта*
Планинарењето во текот на ноќта може да биде застрашувачко и вашиот ум може да биде најлошиот непријател, кога тоа го правите сами. Планинарењето во група може да ја зајакне безбедноста во текот на ноќта.
* Со вас понесете светилки или челни ламби*
Пешачењето започнете го без употреба на светилките и челните ламби. Потребното време за прилагодување на вашите очи во темнина е од 30 – 45 минути.
Има моменти кога е потребно да користите светло, кога треба да ја проверите мапата или да најдете нешто во вашиот ранец. Доколку сте поискусни и знаете како, користете црвено светло, помалку влијае на вашиот вид. НИКОГАШ не го насочувајте вашето светло во другите.
*Не го вознемирувајте животинскиот свет и нивната средина*
Бидете внимателни и набљудувајте го животинскиот свет од пристојна оддалеченост и без светкање во истите. Бидете информирани кои животни се карактеристични за пределот во кој ја планирате вашата следна авантура за да бидете спремни како да одговорите во таквата околина.
*Соодветно прилагодете го темпото*
Темнината го прави теренот по предизвикувачки, дури и кога движите по веќе познати патеки. Карпите и корењата можат да излезат од никаде и да влијаат врз вашата безбедност. Успорете го темпото, и не очекувајте дека ќе се искачите со истото темпо кое го следите на дневна светлина.
Успешно искачување на некој врв или други планински локации не е стално најбитното. Грижете се тоа да биде безбедно и да поминете без никакви попатни повреди и компликации.
* Следете ги маркациите*
* Информирајте се за временската прогноза*
Фотографии од ноќното искачување со сѐ совети испратени од Авантурите на Рибизлата