„Како Директор сакам да искажам огромна благодарност од мое име, како и од име на вработените и децата од малите групни домови на „11 Октомври“ Скопjе до компанијата Mozzart. Оваа благодарност е за донацијата која ќе ни биде доделена во материјални добра, а истата е за дополнителните потреби на малите групни домови. Воедно сакам да напоменам дека ваквиот хуман гест и општествена одговорност од страна на Mozzart насочена кон нас не е прв пат и искрено се надеваме дека ваквата соработка ќе продолжи и понатаму во иднина.“ – изјави директорката Соња Стамевска.
Изминатиот месец компанија Mozzart реализираше хуманитарна кампања во која познати спортисти и јавни личности секој ден составуваа тикети во хуманитарни цели. Влогот од 3.000 денари кој оваа компанија го даваше за типување преку целиот декември воедно беше и загарантирана добивка. Тоа значи дека Хуманитарниот тикет на некој начин „помина“, и покрај оној добитниот кој го типуваше ракометарот Филип Кузмановски.
Нашиот ракометен репрезентативец и играч во Хановер добиените средства од 58.814 денари ги насочи за малиот Михаил Ристоски од Тетово, кој има дијагноза – парализа на левата рака. Па така, заедно со уплатата на тикетите и добитниот хуманитарен тикет, во Mozzart-овиот месец на хуманост собрани беа околу 2.420 евра!
Вкупниот декемвриски фонд од 90.000 денари оди во хуманитарни цели за Ј.У. Детски дом „11 Октомври“ во Скопје, а од установата изразија желба за овој износ да бидат набавени материјални добра за потребите на групните домови. Инаку, ова не е прв пат компанијата Mozzart да соработува со оваа установа. Досега Детскиот дом „11 Октомври“ има добиено телевизори, како и донација од добитен хуманитарен тикет од речиси 100.000 денари.
„Како Директор сакам да искажам огромна благодарност од мое име, како и од име на вработените и децата од малите групни домови на „11 Октомври“ Скопjе до компанијата Mozzart. Оваа благодарност е за донацијата која ќе ни биде доделена во материјални добра, а истата е за дополнителните потреби на малите групни домови. Воедно сакам да напоменам дека ваквиот хуман гест и ваквата општествена одговорност од страна на Mozzart насочена кон нас не е прв пат и искрено се надеваме дека ваквата соработка ќе продолжи и понатаму во иднина.“ – изјави директорката Соња Стамевска.
Од Mozzart велат дека и во новата година продолжуваат интензивно со реализација на хуманитарни кампањи преку кои помагаат онаму каде што е најпотребно.
„Во овие тешки времиња и зголемена потреба за помош во услови на глобална криза, Mozzart повеќе од било кога реализираше бројни општествено одговорни активности во различни установи. Во овој период од годината е особено важно уште повеќе да се соединиме во вакви акции кои некого ќе израдуваат и ќе им го направат овој период од годината посреќен. Одлучивме овој пат тоа да биде Детскиот дом „11 Октомври“ каде веќе и претходно реализиравме донации.“ – изјавија од менаџментот на компанијата Mozzart.
Во акцијата Хуманитарен тикет учествуваа многу познати спортисти и јавни личности меѓу кои: капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев, најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски Иџе, водителката Лила Филиповска, ракометниот репрезентативец Филип Кузмановски и многу други.
Инаку, кампањата Хуманитарен тикет за викенд се реализира повеќе од една година. Досега имаше два добитни тикети – едниот добитен тикет го состави фудбалерот Остоја Стјепановиќ, а добивката од 99.386 денари беше наменета во Домот за деца без родители во Скопје. Вториот добитен тикет го состави фудбалерот Благоја Тодоровски, а со добиениот износ беа набавени прочистувачи на воздух наменети за ЈЗУ Клиниката за детски болести во Скопје во хемато-онколошкото одделение.