hdr

Утре и во недела, претежно во попладневните часови, врнежи ќе има во поголем дел од земјава, ќе бидат со умерен интензитет и на места особено на запад, ќе бидат пообилни (понекаде над 25л./24 часа). На планините по западните делови ќе врне снег кој од вечерните часови ќе паѓа повремено и на повисоките места. За време на викендот ќе дува умерен до засилен јужен, а во понеделник западен ветер.
Поради продор на студена воздушна маса од понеделник кон крајот на денот ќе настапи заладување со врнежи кои ќе преминат во снег и на повисоките места. Во ноќта кон вторник на патиштата ќе има појава на замрзнат дожд и ќе започне да дува умерен до силен северен ветер. Во вторник ќе е ветровито и до крајот на денот врнежите ќе преминат во снег во поголемиот дел од земјата.

УХМР