Поддршка на здравствените работници и здравствениот систем беше потребна повеќе од било кога изминатиов период, а компанија Mozzart акцент во општествено одговорната работа претходните месеци даде токму на овие херои во борбата против коронавирусот, кои во овие вонредни околности вложуваат надчовечки напори. Во повеќе болници низ цела Македонија постојано пристигаа донации, а од Mozzart велат дека и во новата година хуманитарните кампањи продолжуваат да бидат дел од нивното секојдневно работење.
Уште од појавата на страшната пандемија на коронавирусот која целосно го стопираше нивното работење, хуманитарните акции на Mozzart не запреа, туку се зголемија уште повеќе и оваа компанија беше постојано присутна да помогне и интервенира онаму каде што е најпотребно, разбирајќи дека тогаш е моментот сите да покажат највисок степен на солидарност и хуманост. Како подршка за непречено функционирање на здравствениот систем во овие кризни моменти, лидерот во областа на приредување на игри на среќа на самиот почеток на пандемијата донираше 50.000 евра на македонските болници, распределени по приоритет во првата борбена линија за справување со коронавирусот.
Помош добија здравствените установи во неколку градови: Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, Општата болница во Куманово, Општата болница во Дебар, Клиничката болница во Битола, Клиничката болница во Штип, Општата болница во Кочани и Општата болница во Гостивар.
Понатаму, Mozzart донираше болнички кревети за интензивна нега, финансиски средства, пакети со храна, телевизори, компјутери, инвентар, витамински пакети за освежување, како и други материјални добра.
Донациите на најсовремени болнички кревети за интензивна нега кои се исклучително важни во период кога постои недостиг на слободни места, се реализираа во Градската општа болница „8-ми Септември“ во Скопје и во ЈЗУ Клиника за пулмологија и алергологија во Скопје, кои што понатаму ги распределија во болницата и ковид центрите.
Реализирана е и донација на инвентар наменет за Општата болница во Гостивар, каде Mozzart обезбедија околу 40 наткасни изработени за потребите на болницата, а кои се распределија во просториите на хируршкото одделение кое се реновираше.
Mozzart реализираше и донација на неколку тони овошје во повеќе болници ширум земјата на здравствените работници кои деноноќно водат борба со коронавирусот. Понатаму, донирани се лаптоп компјутери во Универзитетската клиника за детски болести во Скопје. Лаптоп компјутерите беа наменети за реализација на проект за психолошка онлајн поддршка на децата кои се лекуваат на хемато-онколошкото одделение и за нивните родители.
„Во борба против пандемијата на коронавирусот дониравме болнички кревети, финансиски средства, пакети со храна, телевизори, компјутери, инвентар, витамински пакети за освежување, прочистувачи на воздух, како и други материјални добра наменети за различни здравствени установи. Продолжуваме и понатаму со исто темпо – да бидеме општествено одговорни и во новата 2021 година.“ – изјавија од менаџментот на Mozzart Bet.