Во очи на отворањето на јубилејното 40-то издание на Фестивалот Манаки од нас ќе дадеме еден мал придонес за зачувувањето и негувањето на овој настан…


Молба од битолскиот фотограф со влашко потекло, балканскиот филмски пионер Милтон Д. Манаки, до властите во НФР Југославија за добивање Илинденска пензија, за заслуги кон револуционерното дело… 1955 година…

– „ Молба

од Милтон Д. Манаки…
Другари, по професија сум сликар (фотограф). Во времето на националните борби, во 1903 г. на Илинденското востание, јас излегов четник со влашкиот војвода Дабижа (Коста), да се борам против поробителите за ослободување на Македонија од ропството. Но од страна на мојот војвода и штабот на борците бев одреден да фотографирам сите војводи и чети и месноста на борбите за доказ дека навистина сами се боревме за ослободувањето на Македонија…
…Во 1903 год. излегов четник со истиот војвода Дабижда и Ѓорѓи Касапот и како сликар мојата задача ми беше да ги сликам борците одделно, и цели чети, месноста на борбите и така бев во врска со сите војводи од Егејска Македонија сѐ до крајот на востанието. Во 1904 год. турската власт ме затвори во градот Јанина…”
______________________________________

Инаку Милтон Манаки ја доби оваа пензија. Животот на крајот го помина сиромав и со една коза која секој ден ја пасеше во градскиот парк…