Според докторската дисертација на Данчо Зографски од 1962 г. “Развитак капиталистичких елемента у Македонији за време турске владавине” Битола го заземала второто место во Македонија, а во подрачјето во овој дел од Македонија освен во Битола постоеле уште само 8 парни и автоматски мелници и едно претпријатие за ќерамиди. Мелниците во Битола како и останатите индустриски центри биле најраните индустриски претпријатија.

Млинот “Драгор” на Исмаил паша, Битола низ стари разгледници-Димче Најдов

Плодната битолска житница, како и порастот на битолското население се едни од причините за зголемување на бројот на
овој вид претпријатија. Во 1897 година во Битола работеле 8 хидраулични мелници со
модерна опрема, парна мелница на Исмаил паша што имала 6 ваљаци и дневен капацитет од 10 тона брашно. Покрај неа околу реката Драгор имало уште 25 мелници.

Млинот на Исмаил паша заедно со Ислахането поглед од Тумбе Кафе

Според Никола В. Димитров почетокот на мелничката индустрија во Битола е претставен со изградбата на автоматската мелница “Драгор” од страна на Исмаил паша во 1902 година, а била лоцирана во непосредна близина на железничката станица. Располагала со 6 цилиндри, а нејзиниот капацитет изнесувал 15 тони за 24 часа, односно 2 вагони. Истата работела до 1908 година. Во 1906 год. се пристапи кон изградба на нова парна мелница во Битола со цел да се лиферува брашно на турската војска.

Млинот “Драгор” на Исмаил паша, фото Милтон Манаки

Исмаил Паша купува мелница и во Скопје која во 1922 г. неговиот син Даут бег за 4300 златни лири ја продава на други заинтересирани индустријалци. Најверојатно истата судбина ја има и мелницата во Битола која во Првата светска војна беше тешко оштетена.

До 1934 год. менува неколку сопственици (“Београдска уједињена банка” па потоа “Хрватска банка” Загреб), за да ја откупи Таса Тасиќ, индустријалец од Лесковац. Тој ја проширува и опремува мелницата со нови машини. Пред Втората светска војна мелницата произведуваше околу 3.000.000 кг. брашно, и вработуваше 24-30 работници. Мелницата работеше на моторен погон со 1 саугас мотор од 220 кс.

После ослободувањето во рамките на ЗИК Пелагонија се формира мелничко пекарската индустрија Жито Битола која опстојуваше и успешно функционираше до 2007 година кога заради долгови се даде за продажба на меѓународен тендер и голем дел од нејзината сопственичка структура беше под хипотека на македонски банки,

Фотографии од објектите на Жито Битола објавените за продажба под хипотека на банки

Фотографии од пекарата на Жито Битола објавените за продажба под хипотека на банки

за сега во 2020 година поголемиот дел е во сопствеништво на Ангромаркетинг ДОО.


Користена литература Данчо Зографски: “Развитак капиталистичких елемента у Македонији за време турске владавине” Докторска дисертација-Скопје, 1962 стр. 143 и 144.

Сребре Дамчевски

Никола В. Димитров Историски развој на Битола

Фотографии од Битола низ стари разгледници-Димче Најдов и црно бела фотографија на Милтон Манаки