За првпат во Битола, ИВЕЦ организира Летен камп за млади програмери на Пелистер од 5ти до 10ти Јули.

Вашите деца ќе научат нови вештини, а истовремено ќе се забавуваат!

Добрите навики се стекнуваат уште од мали нозе. Подготвивме незаменливо искуство за вашите деца. Ова лето го организираме првиот Летен камп за млади програмери на Пелистер. Не пропуштајте пет дена забава, учење нови вештини и многу дружење. Ви ветуваме интересна агенда исполнета со многу авантури и секако учење на интересен и забавен начин. Не пропуштајте ја шансата вашите деца да го засакаат програмирањето уште од мали нозе. Кампот е наменет за деца од 7 до 16 години. Децата ќе имаат можност да изберат еден од три внимателно подготвени курсеви.

Напомена: Летниот камп е без ноќевање со вклучен оброк и превоз од Битола.

Курс за Scratch (деца од 7 до 10 години)

Scratch е визуелен програмски јазик што им овозможува на корисниците да создадат свои интерактивни приказни, игри и анимации. Им помага на младите да ги научат концептите на програмирањето, да развијат вештини во мултимедијална комуникација, да размислуваат креативно, систематски и да соработуваат меѓусебе.

Курс за HTML&CSS (од 10 до 14 години)

Ова е курс за запознавање и воведување на децата во светот на веб дизајн-от. Со истиот ќе можат да ги совладаат основните работи за тоа како една веб страна функционира и пред сè како е направена. Покрај тоа ќе ги совладаат и основните концепти за правење на веб страна како што се HTML & CSS.

Децата во своето секојдневие се сретнуваат и користат многу веб страни. Нашиот летен камп ќе им овозможи од поблиску да ги разберат како се направени и како функционираат веб страните. Со помош на HTML & CSS ќе научат да направат основна веб страна на која ќе бидат горди и во нив ќе ја побуди желбата за развивање на апликации.

Курс за OOP со помош на Java (за средношколци)

Програмскиот јазик Java поседува повеќе уникатни особини и затоа, не само што е корисен за креирање различни типови апликации, туку тој е многу погоден и за користење во процесот на едукација и тоа како прв програмски јазик којшто треба да го совладуваат учениците.

Java е објектно ориентиран програмски јазик, така што и наједноставна апликација, креирана со помош на овој јазик, е класа. Затоа учениците на овој летен камп, од самиот почеток на совладување на програмирањето ќе се насочат кон правилно совладување на концептите на објектното ориентирано програмирање, што денес претставува основа за било какво надградување во ИТ индустријата.

Пријавете го вашето дете на iwec.mk уште денес!