Јапонскиот оперски пејач Казухиро Котецу по наша желба за која му изразуваме голема благодарност ја запеа безвременската „БИТОЛА МОЈ РОДЕН КРАЈ“ компонирана од нашиот сограѓанин Ајри Демировски.

Градот за кого се отпеани над 500 песни од илјадници изведувачи насекаде низ светот се збогатува со уште една нумера која вреди да се спомени и сподели со сите.

Покрај неа тој од фондот за Битола ги има препеано и „Ако одам во Битола“ на Петар Калица и „Мој роден крај“ од Јонче Христовски.

Котецу е веќе познат на македонската јавноста со повеќе изведби на македонски песни од повеќе жанрови.