Тогаш беше така. За да преживееш во тогашните кризи мораше да заминеш. Доаѓавме до степен каде ја напуштавме татковината.
До степен каде животот кој сме го живееле сме морале да го оставиме. Да заминеме. Во друга земја. Друг град.
Тоа морав и јас да го направам. Да заминам. Мојата Битола да ја напуштам. Да се збогувам со се она кое таму го поседувам.
Ама пак еве , и после толку години јас за неа зборувам и постојано мечтаам.
Бидејќи јас мечтаам за мирисот на градот наутро.За топлите ѓевреци од фурната кај Аргирица.
Мечтаам за мраз студената боза од слаткарницата на Шабан.
Мечтаам за качувањето до Тумбе Кафе и одморањето на клупата под сенката.
За сите празници и делници, за Илинденските денови.
Ова. И уште многу .Далеку од Битола , а сепак блиску до неа.
Со срцето , со душата.
Со секој атом од моето тело, со секоја мисла во главата.Мечтаам за назад. За местото каде ми се корените.
За домот.
Татковата куќа и мојата Битола.Марија Стојановска (15) Битола