Во аналите на Основниот суд во Битола е објавена необична пресуда: Судијата на тој суд Силвана Ивановска ја казни мечката, пресудувајќи дека треба финансиски да го надомести Зоран Kиселоски, пчелар од битолското село Кривогаштани, на кој му го разурна пчеларникот.
Судијата Ивановска врз основата на сведочењето на сведоците и материјалните докази, експерти и др. кои беа презентирани пред судот утврди дека штетата која ја причини мечката е околу 140.000 денари (нешто повеќе од 2.000 евра) и судски трошоци од 350 евра.
Од пресудата, се разбира, не е задоволен Државниот обвинител, но има малку надеж дека судот ќе ја поништи одлуката, на која дојде по неколку јавни расправи. Не постои сомнеж дека мечката, која е под заштита на државата Македонија, треба да ја плати паричната казна.
Киселоски, битолскиот пчелар вели дека немал избор во пресметката со мечката, бидејќи пред да започне со тужба, се обидел да направи сè што му беше кажано од страна на неколку пријатели.
“Всушност, се обидов сè. Прво ја дуплирав оградата, но мечката направи дупка и лесно го најде патот до кошниците. По совет на пријатели, ангажирав професионален ловец, но по неколку заседи ме предупредија дека можам повеќе да настрадам бидејќи мечката е под заштита на државата, а таа веќе го јадеше дваесеттиот сандук со мед.
Тој зборуваше за вознемиреноста и на другите пчелари, од кои еден го советуваше да го осветли пчеларникот “Со помош на акумулатори и 60 метри кабел обезбедив електрична енергија и поставив две силни неонски светилки. Наместо мечката да ја избркам од тука, таа својата работа ја бркаше полесно – во пчеларникот почна да доаѓа и во текот на ноќта “.
Еден од сопствениците на викендичките го советуваше бидејќи веќе има електрична енергија, мечката може да ја исплаши со тоа што од пчеларникот ќе му пушта гласна музика. “Од страна, меѓу сандаците со пчели поставив два големи звучници и пуштив гласна музика, обично Цеца, која е мојата омилена пејачка. Но на меца изгледа им се допаднаа песните на Цеца. Мислев дека ќе се ослободам од неа, а се случи најлошото. По два дена цел пчеларник беше докусурен.
На Киселовски од соседите му беше препорачано за помош се обрати до адвокат Владо Гиковски. Тој го сослуша со инспекторите од Министерството за земјоделство направија записник за штета, собраа изјави на сведоци и мечката се најде пред Основен суд.
“Тоа може да биде смешно, но точно е дека мечката е под заштита на државата, и бидејќи таа ја предизвика штетата, нејзиниот заштитник, во овој случај државата Македонија – е должна да ја надомести штетата на оштетениот”, вели адвокатот Гиковски.
Киселоски вели дека е задоволен од пресудата. Пчеларникот го пресели од близина на селото Церово и пчелите ги премести на друго место, во с.Вирово и се надева дека мечката нема да ја намириса новата локација на неговиот пчеларник.
Весник Политика 2008 г.