Кратко инфо: Мати Грунберг е роден во Скопје, светски познат израелски сликар, скулптор и дизајнер кој работел на албумите на Џон Ленон, и е единственото бебе кое го преживеа холокаустот на Евреите во Македонија.

Повеќето од моите идеи се раѓаат од нестабилност. Толку многу што понекогаш мислам дека стабилноста не постои …”

Сончев часовник скулптура – Изработка / Македонија / Битола, јуни 2018 година

26/6/2018

Напишано од Наоми Р. Азар

За успехот што го достигнавме нема потреба од зборови, фотографиите сами ќе Ви ја раскажат убавата приказна.
Во текот на последните три години Мати Гринберг е вклучен во процесот на претворање на древните еврејски гробишта во Битола / Монастир во Македонија, земјата на неговото раѓање, во меморијален парк за Евреите во Македонија (заедница речиси целосно уништена за време на Холокаустот).

Најважната работа на Мати Г. е да донесе еден зрак од светлината кој ќе ги допре и ќе им даде “живот” на овие стари гробишта. Како дел од овој концепт, тој создава сончев часовник, скулптура која ќе биде инсталирана во центарот на гробиштата.

Многу партнери работат напорно за овој проект. Ќе го споменам само водечкиот триумвират – Дан Оријан, израелскиот амбасадор во Македонија и директорот на Балканското биро, д-р Рејчел Шели Леви Друмер, родена во Македонија, академскиот секретар на Универзитетот Бар-Илан во Израел и нејзиниот македонски пријател од детството, енергичен и бестрашен адвокат, директор за развој на проекти, Мима (Марија) Герас Дочовска.

Јас ја придружувам работата на Мати во серија од статии.
Еве еден линк до еден од првите натписи што го осветлуваат делото на Мати во Македонија –

Меморија / Да за иднината
http://www.matygrunberg.com/memory–yes-on-the-future-2016.html

Оваа авантура започна во 1946 година, после војната, Скопје, Македонија, Мати Грунберг на возраст од 3 години…

Прва посета, декември 2015 година, Битола / Монастир, Мати е восхитен од големината на огромните гробишта испружени на високиот рид, прашувајќи се што може да создаде како скулпторски елемент, елемент кој ќе биде видлив на оваа позадина…

Декември 2015 година, Битола, Мати ја доловува (фото: Хедва Голдшмит)…

Првична скица на сончевиот часовник …

Мати Грунберг и неговиот син, Дејвид Бен Грунберг, работат на разни идеи за планираниот меморијален парк…

Преглед на склопена скулптура на терен…

Мати во своето студио работеше на мал модел…

.

Јуни 2018 година, Битола, метална работилница, ЦПУ машина за сечење метал. Мати Г. со сопственикот Звонко менаџерот…

Мати им ја објаснува важноста на проектот на работниците, поттикнувајќи ја нивната мотивацијата…

Посета на гробиштата…

Волонтерите од Израел, Германија и Македонија истражија околу 4.000 надгробни споменици. Илјадници други надгробни споменици се сеуште под земја, чекајќи да бидат откриени со пософистицирани средства на генерациите кои доаѓаат. Сега напорите се за обновување на надгробните споменици кои се откриени.

Мати е возбуден што пронајде две стари црници во центарот на гробиштата, во близина на локацијата на неговата скулптура. Една од нив е црвена црница, а другата е бела. Црвените црници го придружуваа во неговото детство со небесен вкус и алишта кои беа непоправливо обоени и му создаваа немир на неговата мајка…

На гробиштата се гради бетонската платформа на која ќе се инсталира сончевата скулптура…

Градот, кој со текот на годините им ги отвори вратите на гробиштата, со изненадување гледа што се случува…

Во меѓувреме, во металната работилница, сончевата скулптура се приближува до нејзиниот планиран облик

Следната недела Мати Г. и астроном Илан Манулис ќе заминат за Македонија. Астроном Илан Манулис е директор на опсерваторијата на Институтот за Наука Вајзман во Реховот.

Пресметките на Илан ги придружуваат сите чекори што ги прави Мати Г. МГ и Илан ќе ја обележат големината на часовите на скулптурата, пред да биде насликана со жолта боја, па така јасно ќе се види на позадината на зелената површина од гробиштата.

Жолтата боја е боја од значката која Евреите ја носеа на нивните ремени и беа обележани како такви за време на Втората светската војна. Илан и Мати исто така ќе се осигураат дека скулптурата е позиционирана правилно, посочувајќи го вистинскиот север и покажувајќи го точното време на сонцето.

Продолжува…

Астроном Илан Манулис – https://www.ilan-manulis.co.il/

Фотографии и текст Maty Grunberg