Земјоделскиот техничар кој работи во Лозаровинарскиот комбинат „Лозар“ во Битола, Мате Шундовски, е познат во цела Југославија, а најверојатно и на другите континенти каде што живеат македонци, особено битолчани. Тој е најжешкиот навивач во ракометот во нашата земја. Темпераментен и сугестивен дури за гледалиште со 6.000 навивачи, какво што е ракометното игралиште во Битола, диригентот“ Мате мошне успешно се вклучувал во акција во судните моменти кога требало „Пелагонија“ да извојува победа. Секогаш Мате и неговиот навивачки хор не үспевале. Но, за оваа пролет, уште во почетокот на првенството, Мате најавува „нова тактика“ во навивачката машина, „волшебна диригентска палка која ќе носи победи“. Секоја чест на Мате и на неговата желба, но пелагонците сериозно се подготвуваат за пролетните судири.

Текст и снимка: P. Димитровски

Нова Македонија 1972 г.

Извор Битола стари фотографии