Поттикнете го целосниот потенцијал на вашите деца на интересен и забавен начин преку курс за програмирање. Летото никогаш не е здодевно, а сега можете да го направите уште поинтересно. Втора година по ред ИВЕЦ организира летен камп за деца, кој ќе им овозможи на учесниците да станат дел од ИТ светот.

Општеството во коешто живееме е предводено од технологијата, и како што времето поминува интересот за технологијата се зголемува се повеќе и повеќе. Преку програмирањето, децата добиваат можност да влезат и разберат еден дел од дигиталниот свет и начинот на кој што денес светот функционира. Освен тоа, тие стануваат и подготвени за идните технолошки предизвици. Ако децата почнат да учат програмирање од најрана возраст им се отвора нов свет на можности, и изучување на нови вештини кои во иднина ќе им бидат во корист.

Минатата година ИВЕЦ за првпат оранизира летен детски камп од овој тип во нашиот регион. Летниот камп беше спој на забава и учење на нови вештини, и децата кои учествуваа имаа можност не само да учат програмирање на несекојдневен начин, туку исто и да се социјализираат со деца од нивна возраст. Искуството беше невообичаено, а придобивките огромни, меѓу кои секако најважни беа насмевките на детските лица, нивното задоволство и среќа во текот на целиот камп и по него. Како резултат на позитивните коментари, и со оглед на големата заинтересираност, и оваа година ИВЕЦ организира летни кампови за деца, еден во Маврово и еден на Пелистер.

Летниот камп кој ќе биде во Маврово, ќе се одржи во периодот од 07.08.2022 до 13.08.2022 и е организиран во партнерство со Македонија2025.

Овој камп нуди еднонеделна летна авантура за секој учесник, со примарен фокус на учење, личен развој, уникатно искуство, многу смеа и забава. Ќе се реализира обука која ќе биде комбинација на теоретски и практични часови по Веб дизајн. Часовите ќе се одржуваат секој работен ден од висококвалификувани, искусни експерти во оваа област, а притоа паралелно ќе стекнат знаења за Целите за одржлив развој за да постигнат подобра и поубава иднина за сите. Остатокот од денот ќе им биде исполнет со други организирани активности, како што се настани за да се поттикне социјализацијата и запознавањето на учесниците, прошетки низ Маврово, слободни активности, интелектуално-интерактивни активности и игри.

Нашиот партнер, Македонија2025 оваа година им дава можност на дел од пријавените деца да учествуваат и учат програмирање со доделување на целосни или делумни стипендии, врз основа на нивниот социо-економски статус. Во селективен процес ќе се избираат учесниците и ќе им бидат целосно или делумно покриени трошоците за учество во кампот.

Комуникацијата ќе биде на англиски и македонски јазик со цел да се поттикне комуникација и социјализација помеѓу учесници од различни држави, учење на различни култури, размена на идеи и градење на интернационални пријателства, и ќе ја усовршиме примената и на двата јазици.

Повикот е отворен за сите деца кои се од Македонија и децата од дијаспората со македонско потекло.

Вториот летен камп ќе биде на Пелистер во периодот од 25.07.20220 до 30.07.2022. Овој камп вклучува изучување на Scratch, Веб Дизајн и Обука на ООР со помош на Java комбинирано со интерактивни активности, игри и многу забава.

Ќе се одржува настава во природа секој работен ден која ќе ја водат висококвалификувани, искусни предавачи во овие области, на повеќе локации на Пелистер. Денот ќе биде исполнет со организирани активности со цел за да се поттикне и социјализацијата, запознавањето на учесниците, прошетки низ Пелистер, слободни активности, интелектуално-интерактивни активности и игри. Целта е младата популација и децата да комуницираат, социјализираат, да се дружат и секако да се едуцираат во однос на ИТ технологијата како најбарана професија во денешно време.

Учи, играј, програмирај и забавувај се со ИВЕЦ летниот камп во Маврово и ИВЕЦ летниот камп на Пелистер. За сите информации следете на социјалните мрежи, посетете ја нашата веб страна:

https://iwec.mk/,

https://bit.ly/3HxsRWY

https://bit.ly/3O7TIvb
и секогаш достапни на телефонскиот број 072-309-282 за секакви дополнителни информации.