Роден е на 27 јануари 1896 год. во Петроград од татко Јустин, трговец и мајка Наталија, исто така од Петроград. Во Битола доаѓа заедно со првите руски емигранти и останува до крајот на животот. Иако бил воено лице (се тврди дека бил полковник во Белата армија) уште во 1925 год. се декларира како „уметник од Русија“.
Бидејќи опсегот на својата уметничка работа подоцна ја проширува, сконцентрирајќи се многу ангажирано во животописот, започнува да се потпишува и како „живописец“. Работи во најголем дел икони и фрески според руската традиција.
Од 1927 год., што ќе рече од неговиот ран период, сочувани се неколку мошне интересни и вредни икони. Едната, насликана на платно носи наслов „Свети Тројца кај Аврам“ во неа се претставени три ангели и Аврам, старозаветна сцена во која се толкува Светото Тројство. Следната е „Страшниот суд“, на која ги среќаваме Исус, Богородица и св. Јован Крстител, кои го молат Бог да биде поблаг судија. Интересна еи иконата „Св. Јован Крстител во пустината“. На дрво насликани се во овој период „Причествувањето на апостолите“, „Симнување од Адот“, а најинтересна и најубава, сепак е „Вознесението на Господ Исус Христос. Многубројните дела на уметникот иконописец Иван
Мелников растурени се низ Битолско, низ Македонија, а многу ги има и во странство. Еден корпус се чува во Битолската митрополија, но и во иконостасот во св. Богородица.
Она што денес претставува Малиот битолски Монмартр за многумина битолски уметници, во кого ги направија првите уметнички чекори, тоа истото беше домот на Мелников (денес „Пелагонка – 2“). Меѓу другите и битолскиот уметник Панде Петровски го има учителот во многу убави спомени. Мелников бил педагог во битолските училишта. Подолго време работел како учител по цртање во ОУ „Даме Груев“.
Со педагошки такт, благ и уреден кај многу ученици оставил силен впечаток. „Јас секогаш знаев кога низ ходникот поминал Мелников според мирисот на лосионот што го оставал зад себе“, се сеќава новинарот Димче Миновски, ученик на Мелников. Мелников остави траги и во театарската уметност во Битола.
Долги години бил најангажираниот, ако не и единствениот уметник што ги изработувал сценографијата на театарските претстави во Битолскиот народен театар. Почнувајќи од 1946 год., кога за првпат ја изработува сценографијата за „Печалбари“ од А. Панов, а скоро до крајот на својот живот за оваа куќа изработи 60-тина сценографии, што импозантна бројка. Впрочем, до вработувањето на постојан сценограф Иван Мелников (со очилата)
во Театарот (Петар и Игор Клочко Ангеловски), Мелников е и единствениот на кого му се обраќаат вработените од Театарот за сценски изведби.
Извадок од Руска колонија на проф. Александар Стерјовски
Фотографии од архива на Битола стари фотографии