Најава за уште еден пеколен ракометен натпревар за вторник Еурофарм Пелистер и АЕК.

Околу 150 навивачи на АЕК од Атина ќе бидат присутни на трибините во спортската сала Боро Чурлевски за време на натпреварот помеѓу Еурофарм Пелистер кој е закажан за овај вторник со почеток во 18.45 ч.

Битолските ракометни власти за навивачите на АЕК одвоија 50 карти, но добија известување дека околу 150 навивачи ќе тргнат од Атина со цел да го бодрат нивниот клуб и дека тие се од високоризична категорија навивачи склони кон инциденти и неспортско навивање, што значи битолчани да си бидат спремни за уште една убава и „пеколна“ атмосфера во спортската сала Боро Чурлевски во Битола.

НО ТОА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАС БИДЕЈЌИ НИЕ БИТОЛЧАНИ ЖИВЕЕМЕ ЗА РАКОМЕТ !!!

Поединечната продажба на билети за натпреварот Еурофарм Пелистер – АЕК е започната и билетите по цена од 250 денари може да се купат во:

– Билетарница на спортската сала „Боро Чурлевски„ пред почетокот на натпреварот
– БРОДЕРС ТОБАКО
– ДИМПО ТОБАКО
– Или на веб страницата www.kartieurofarm.mk