Нашиот битолчанец Кристијан Стојани, член на атлетскиот клуб Олимп од Битола, и покрај сите повреди и паузи во трчањето изминатата година, успеа на трката од 10К, во натпревар со голема конкуренција, да го освои високото второ место со време 34:43 :

Долга година со три месечна пауза поради истегнат лигамент, која беше причина за волонтирање на ланската трка на ТРЧАЈ БЕ, прележан ковид и уште една мала повреда на стапалото..

За некои составен дел од спортот, за мене ментална игра и пеколен обем од тренинзи почнувајќи скоро 3 пати од нула. Фала ти тренеру Игор Јакимовски за поддршката и довербата во мене, бидејќи ти си оној кој ме врати кога сите мислеа дека сум готов.

Вакви настани и организатори како Никола Димитровски му фалат на Битола. Секоја чест за овогодинешното организирање на Балканското првенство и Ви посакувам уште повеќе успех до наредна година.