Во градот под Пелистер 2020 година ќе биде година на заборав од аспект на профитабилност на локалните компании. Според податоците на Бизнисмрежа.мк во продолжение следува анализата на Пари на најголемите 10 компании од Битола. Анализата ќе се сведе на 4 клучни елементи: приходи, добивка, број на вработени и просечна плата. Преку нив ќе се обидеме да добиеме пореална слика за микроекономијата во државата. Она што може да се забележи од компаративните податоци за остварените приходи на топ 10 компаните е дека минатата година мнозинството од нив реализирале далеку пониски приходи, во споредба со 2019 година. Имено, 70% од топ 10 компаниите бележат пад на приходи.
Лидер во ова неславно друштво е компанијата Ростфреи –Мајор Инох која бележи пад на приходи од 58,11%. Оваа компанија се занимава со производство на опрема за процесна техника од нерѓосувачки челик и согласно светските трендови за затварање на погоните и дестимулација за нови инвестиции, разбирливи се ваквите податоци. Од друга страна, евидентно е на што се трошеле најмногу пари во пандемиската година. Компанијата Еурофарм е лидер по остварен процентуален пораст од 20,52%. Од аспект на големина на компании, се издвојуваат 3 големи компании: Млекара АД, Еурофарм и Синпекс. Овие три “тешкаши” партиципираат со скоро 81% од вкупните приходи на топ 10 компаниите за 2020 година. Неприкосновен лидер е најголемиот производител на млеко и млечни производи во Македонија, Млекара АД со реализација од над 41 милион ЕУР. Сепак, мора да се напомене дека овие бројки се за скоро 14% полоши во споредба со 2019 година, а исто така оваа компанија го има најголемиот кумулативен пад на приходи од над 6,6 милиони ЕУР. Третиот клучен играч во битолската микро економија е Синпекс, компанија која се занимава со застапување, продажба и сервисирање на механизација, машини и опрема, наменети за земјоделстството, шумарството, градежништвото како и за општа употреба. Оваа компанија е трета по големина во однос на остварени приходи и изминатата година остварила значителен пораст од 15,16%.
За повеќе од анализата прочитајте кај нашите соработници ТУКА