Добрите навики се стекнуваат од мали нозе! Син ми обожава ,,finger food” и грицкање, па ме поттикна да смислам поздрава варијанта на домашни грицки. Излегоа успешни и превкусни, дефинитивно препорачувам да ги пробате. Секој би уживал во супер крцкање!

Главните 3 состојки, кои ги спомнувам и во самиот наслов на рецептот, се нешто што секогаш го имам во кујната и се дел од секојдневното домашно мени. А сувиот квасец, ако човек научи да го користи правилно е идеален за брза и лесна подготовка.

👉 За повеќе испробани рецепти, разгледај и заследи:

Instagram: @katerina.shambevska https://www.instagram.com/katerina.shambevska/

Facebook: Katerina Sambevska Spasenovska https://www.facebook.com/katerina.sambevska/

🛒Состојки:
🔹10 г сув квасец
🔹3 чаши грахам брашно
🔹1 чаша млака вода
🔹150 мл масло
🔹20 г ким
🔹100 г сусам
🔹2 лажици семе од афион
🔹1/2 лажица ориган
🔹1 лажица сол.

⏩За премачкување и одозгора:
🔹1 јајце
🔹крупна морска сол по потреба.

🗒Подготовка:
1️⃣Во сад ставете ги сите суви состојки и измешајте со помош на лажица.
2️⃣Додајте ја водата и веднаш потоа и маслото.
3️⃣Замесете убаво изедначено тесто и поделете го на 2 дела. Од секој дел, со помош на сукало направете тенка правоаголна кора со дебелина на бисквита.
4️⃣Од едната кора исечете ленти, а од другата триаголници. Веднаш ставајте ги во плех за печење, обложен со хартија. Тестото одговара на 2 големи плеха полни со крекери.
5️⃣Готовите грахам крекери премачкајте ги со матено јајце и поросете со крупна сол по вкус. Печете ги во претходно загреана рерна на 200 степени, 12 до 15 минути, зависно од рерната. Посакувам добар апетит!

✅Совети плус:
🔹Внимавајте да не ги пресолите со крупната сол.
🔹Ако сакате може и да ги замрзнете, ќе бидат одлични и потоа.
🔹Формата може да ја менувате по желба.
🔹Предлог сос: По желба може да ги послужите со едноставен сос од 3 лажици павлака, 1 лажиче мајонез и 1 лажица кечап и поросено со оригано по вкус.

#сезахрана #рецепти #рецептиодкатеринашамбевскаспасеновска