По многу долг период конечно ФЛОРИЈАН го испраќаме па така во текот на следната недела како што и претходно најавивме ќе можеме да уживаме во далеку постабилно време со повисоки температури на воздухот.
Времето ќе биде сончево, топло и спарно со мала до умерена локална облачност, само на планинските места повремено има услови за сосема краткотраен дожд проследен со ретки грмежи. Максимумот на температурите на воздухот во Битола и битолско во текот на новата недела која што ни претстои ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 37 степени.
ВАШАТА РЕКЛАМА ТУКА
БИДЕТЕ ЕКСЛУЗИВЦИ!
ИНФО НА
УВ ИНДЕКСОТ ќе има висока до многу висока вредност и ќе изнесува коефициент од 8 до 9 па затоа ВНИМАНИЕ.
За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба – Славчо Попоски