Илинден или денот на големиот заштитник св. Илија е голем македонски национален и православен празник, кој се одбележува на 2 август секоја година.

Илинден има посебно значење за историјата на македонскиот народ заради тоа што во 1903 г. на 2 август започнало Илинденското востание, додека во 1944 година е одржано Првото заседание на АСНОМ. Денес, илинденската традиција е испреплетена со патриотски, фолкорни и религиски симболи, што го прави Илинден еден од најважните празници во Македонија. Битолчани за овај празник најповеќе ги посетуваат овие неколку места:

с.Трново, традиционална семакедонска средба

Св. Илија – манастир село Крклино

Св. Илија село Велушина

Св.Илија с.Драгош

Св.Илија с.Ротино

Св.Илија с.Живојно

малото паракливче Св.Илија лоцирано на ул.Св. Нектариј Битолски, поранешна Ш.Ј.Шпанец кај месната заедница Александар Турунџев и малото црквиче со паракливче кај Кајнакот во Гинимаале

Нека ни е за многу години!