По утринската служба во храмот Св.Великомаченик Димитриј, пред голем број верници во дворот на црквата се фрлаше светиот крст.
Годинава беа пријавени 30 лица, меѓу нив и една девојка.
Најсреќен да го најди крстот беше 22 годишниот битолчанец Јове Стојчевски, кој по петти пат скокаше по светиот крст.
,,Пет пати сум скокал по крстот, годинава за првпат успеав да го фатам. Се надевам дека годината ќе ми биде многу среќна”, рече Стојчевски.