Името на градот Битола и неговите знаменитости уште од Османлискиот период и поновиот период на Кралска Југославија има значајно место и добива длабока почит од неговите освојувачи и владетели, величејќи го до најголема персонификација кое било дел од најголемите владетелски и кралските кругови. Така било и со името на нашата река Драгор кое го носела една од најлуксузните и најскапи јахти во Кралска Југославија.

Допатува во Белград во 1928 година, направена во Регенсбург и била украс на реномираната флота на Кралството Југославија, а по некои податоци била и како мираз од кралицата, романската принцеза Марија. Кралот Александар Караѓорѓевиќ го доби овај луксузен брод кој наменет беше за раскош на вода, на површина од 700 метри квадратни, кој имал три салони, два апартмани, 18 двокреветни кабини, купатила, работна соба и палуба за прошетка, и за тој луксуз уште тоа време биле платени 1,5 милиони марки во злато.

Неговиот паркет беше од тиково дрво, внатрешноста на салонот и просторијата беше обложена од ореово дрво изработено во длабокорез.
Некои тврдат дека јахтата “Драгор”, дошла во Србија како милоста на кралицата Марија, романската принцеза, за кралот Александар. Сепак, овој податок, не може да се про

вери во достапната архивска граѓа.
Јахтата била сопственост на кралското семејство сѐ до 1941 година, кога од страна на Германската војска беше префрлена во Новосадската речна флота, за оттаму да дојде во Белград и потоа да биде подарена на бугарскиот цар Борис. Вратена е во Србија на крајот на Втората светска војна. Возобновена во 1951 година, кога го добива своето ново име “Краина” и му служи за Јосип Броз Тито до неговата смрт. Инаку Тито на почеток многу не пловеше со овој брод, дури и за него беше изградена многу понова моторна моторка “Шумадинка”, на која наводно имало пожар, после што се вратил на старата Краина т.е. Драгор.

Броз ја користеше за посета на градови во Данска. Патувал во Кледова, каде што со тогашниот романски претседател Георги Георги Дежом го означи почетокот на работите на хидроцентралите Џердап.

Во 1961 година на Краина (Драгор) беше организиран прием за високи официјални претставници на невладините конференции во Белград. Бурниот живот на “Краина” во 1982 година беше оставена во аманет на воена пошта “2827”. Се одлучи да биде претворена во Музеј на речен сообраќај. Од тогаш бродот

промени неколку сопственици, за во 1998 г. да биде купена од фирмата “Маг Интертред” од Белград и сопственикот Драган Ранковиќ, кој бил страствен вљубеник на реката и лаѓите…
Новите сопственици повторно го воскреснале овај брод, вложија најмалку еден милион евра и го вратија стариот Како што и претходно го менуваше името, некогашната кралска лаѓа наскоро ќе добие ново име “Принцеза”, а кума ќе биде принцезата Јелисавета Караѓорѓевиќ. Бродот служеше за разгледување на Белград. Пловеше во два термина по три часа, за ручек и вечера и во лето и во зима. Во зима носеше од 80 до 100, а во лето и до 120 патници. Но во 2006 година, беше неговата последна посета. Изнајмен за снимањето на филмот “На убавиот, син Дунав”, режисер Дарко Бајич, бродот имаше проблеми со инсталациите и на него се предизвика пожар, на 3 јануари 2007 година, а огнот го опожари речиси целиот брод.

– “Краина” или “Драгор” не бил под заштита кога изгорел. Пожарот го уништи речиси целиот брод. Така повеќе не можеше да претставува техничко културно добро. Поради своите значителни и тешки минати времиња, сепак, е зачуван неговиот труп за да, од страна на сопствениците не се исечи и продаде како старо железо. Сега Драгор е како историски објект, под заштита на Историскиот музеј на Србија.
Три години подоцна, од “Драгор” или “Краина” останува само конструкција. Приказната е дека сопствениците не успеале да наплатат пари од оштетата и осигурувањето, а прашање е дали повторно би вложиле во овај брод. Граѓаните кои врват секојдневно покрај него, со тага погледнуваат кон него потсетувајќи се на времињата кога тој некогаш бил бисер на овие реки.