Марш во знак на сеќавање
„На магаре долж линијата на Македонскиот фронт“

Овој марш е, пред сè, своеволен чин во чест на паднатите борци на Македонскиот фронт за време на Првата светска војна.

Еден век подоцна, двајца патувачи, придружувани од водичот Петар Нолев, со магаре и мазга, заминуваат по патот на борците на Македонскиот фронт од 1916 година: 240 километри пеш, од Битола до Солун.

12 дена низ рововите на Македонскиот фронт, но и по стапките на Роберт Луис Стивенсон („Патување со магаре низ Севените“, 1879 год.) и поезијата на Френсис Џејмс (1868 – 1938).

Патувачите водат дневник во којшто ќе ги опишат најсилните мигови, доживувањата и историските случки по трасата.

Двајцата патници се Емануел Рембер, дипломат и автор на „Шапката на Баренц“ (ед. Magellan et compagnie, 2009), „Немирни денови во Либија“ (ед. Equateurs, 2014) и „Лотарингија“ (ед. Pierre-Guillaume de Roux, 2017), и Емануел Ешт, новинар (Les Echos, l’Express) и издавач (ед. „Perrin“).

Ноќ во празниот манастир Свети Димитрија.

Будење со надојдениот ден, изморени, но исполнети.
Мир и спокојство пред да заминат повторно по планинската патека. Изцртувањето на границите е една посебна специфика на регионот. Манастирот минал низ турски, бугарски, српски, југословенски и македонски раце.

Чекорат и пишуваат.
За два дена, тие треба да пристигнат на врвот Кајмакчалан.