Утрото на 1 септември 1939 година, со нападот на Германскиот Рајх над Полска започнува Втората Светска војна. Таа најпрво ќе ја зафати Европа, а потоа ескалирајќи низ целиот свет ќе доведе до најголема катастрофа во историјата на човештвото.
Една недела пред избувнувањето на војната, на 23 август 1939. година, Хитлер и Сталин потпишале пакт, којшто вообичаено се нарекува Пакт Рибентроп-Молотов. Пактот содржи таен протокол за поделба на сферите на влијание во Централна и Источна Европа, кој е спротивен на меѓународното право. На 17ти Септември 1939 г. источниот дел бил заземен од Црвената армија. Сојузот на Хитлер со Сталин траел до 22 јуни 1941 година, кога Германскиот Рајх го нападнал СССР.
Катаклизмата на најстрашната од војните ќе потрае речиси 6 години и ќе предизвика
смрт на десетици милиони невини жртви.
Изложбата е збирка на сведоштва на полската борба со тоталитаризмите, исклучителната
љубов за слобода, херојството на спасувањето на другите, јунаштвото на војниците и
цивилното население, братството по оружје и борбата за слобода на други држави – сето тоа вреди да се сеќаваме на него.
Полска – тука започнала таа историја.
Изложбата е отворена до 29 Септември во Центарот на Култура Битола од 10-22.00 ч.