Петар Герас бил индустријалец и стопанственик од Битола, прочуен мајстор на кандиторски производи (бонбони, чоколади, локум, алва и бисквити). Со неговите производи тој во месец јули 1933 год., учествувал на меѓународна изложба во Лондон, каде бил одликуван со диплома, златен медал и голем крст.

Извадок од весникот Правда, 1933 г.
Производите на „Герасим Сотирович“, фото Манаки
Изгледот на опаковката од локумот (Ратлук)

Истиот месец од Лондон во Битола пристигнал и лично секретарот на изложбата, Луис Фонзоли, кој му ги предал одличијата, пренесувајќи му и дека лондонските весници на широко пишувале не само за изложбата, но и за наградениот производител од Битола, за фирмата „Герас“

Текст извадок од книгата Калеидоскоп на проф. Александар Стерјовски

Исечок од весникот Правда, 1933 г.

Фотографии од изложбената поставка на битолскиот Архив за Локум фест 2021 г