ЧУНГА ЛУНГА МАСТИКИ СО ВКУСОТ НА ДЕТСТВОТО
Чунга Лунга се успешна приказна со одличен продукт дизајн. Овие мастики беа неодделив дел од нашето детство, а прва асоцијација за нив се натпреварувањето кој ќе направи поголем балон, разменувањето сликички, па и радоста ако во продавница немаат доволно ситно, па како кусур ти враќаат Чунга Лунга.
Приказната за дизајнот на мастиките Чунга Лунга продолжува од Словенија во Македонија во креативните раце на Тхе Мичо, еден од нашите најпознати илустратори. Тој ги редизајнираше карактерите на Чунга Лунга и ги создаде Чунга Лунга тетоважите кои станаа препознатливи кај децата. Внатрешниот дизајнерски тим ja ре-дизајнираше амбалажата на мастиките, давајќи и современ шмек, но запазувајќи го оригиналниот брендинг. Во својот препознатлив стил на илустрација, Тхе Мичо создаде и едукативни стрипови низ кои ги однесе познатите Чунга Лунга карактери во нови авантури.
Извор и повеќе ТУКА